Антикорупциска отвара предмет за вработувањето на сопругата на Бочварски и нејзината сестра
Државната комисија за спречување на корупцијата отвора предмет во врска со информациите од страна на опозицијата која тврди дека министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во Клиничката болница-Штип ги вработил сопругата и сестрата на неговата сопругата.
-Од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата е оформен предмет по поднесена пријава.Постапувањето по предметот е во тек и се прибираат податоци и документација за утврдување на фактичка состојба, велат од Антикорупциска за „Локално“.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра, двете во ист ден, без оглас, биле вработени во штипската болница.
-Се работи за општи доктори коишто немаат ниту шестмесечен стаж по дипломирање, а се вработени во специјалистичките оддели на Интерна и на Педијатрија во Клиничката болница – Штип. Министерот Бочварски се венчава во мај годинава, а еден месец потоа, неговата сопруга и нејзината сестра се вработуваат под државна капа.Постојат силни индиции дека станува збор за непотизам, за злоупотреба на позиција, за изигрување на системот за вработување без оглас, посочија од ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Машала: И Љутков има стан во Бугарија,…
Министерот за култура, Зоран Љутков има четири…
Муцунски ќе одлучува дали членовите на Антикорупциска…
Членовите на Државната комисија за спречување корупција…
Барањето за дипломатскиот пасош според закон не…
Повикувајќи се на член 11 од Законот…
ОЈО и ДКСК веднаш да го истражат…
Волкот го менува влакното, но не и…
ДКСК сепак, покрај дипломатските пасоши барала и…
Претседателката на Државната комисија за спречување на…