Антикорупциска доби заменик-претседателка која ќе ја менува Димитровска додека е под истрага
Билјана Каракашова Шулев е новата заменик-претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), објави „4News.mk“.
Изборот бил направен уште на 3 март, но уписот во Централниот регистар е извршен дури денеска, пишува порталот. Каракашова Шулев е активен член на комисијата, а со оваа одлука таа де факто застанува на нејзино чело, откако претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска, стана осомничена за одавање информации на обвинет во случајот „Адитиви“ за злоупотреба на тендери во РЕК Битола и РЕК Осломеј.
Димитровска, е под судски мерки на претпазливост и дополнително под истрага на Обвинителството за организиран криминал и корупција, а нејзе ѝ е забрането да учествува во работата на ДКСК на каков било начин додека трае истрагата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителството бара осуда, одбраната ослободителна пресуда за…
Обвинителството во завршните зборови за предметот во…
Чучуљ: Антикорупциската комисија нема надлежност да се…
ДКСК не е надлежна да се меша…
Левица: Скандалозен избор на Зајковска во ДКСК
Вчерашната одлука на собраниската комисија со која…
Апасиев поднесува кривична пријава против членови на…
Пратеникот Димитар Апасиев денес објави дека поднесува…
Левица: Дали кандидатка за член на ДКСК…
На собраниска комисија беа интервјуирани кандидатите за…