Антикорупциска отворила случаи за бизнисите со струја и учебници

t

Билјана Ивановска, претседателката на Државната комисија за спречување корупција, во денешното интервју за Гласот на Америка објави дека се водат истраги за бизнисот со електрична енергија во земјата.

„Да, имаме отворено случаи. Сега сме во период кога ги прибираме сите потребни документи. Откако ќе заврши тој процес на прибирање на документацијата, ќе пристапиме кон анализи и ќе излеземе во јавноста со нашите заклучоци.  Отворени се случаи за можни коруптивни појави во бизнисот со соларно производство на електрична енергија“, обелодени првата антикорупционерка за VOA.

Taa додава дека претстојат детални проверки на случаите, во кои е сепак посебно тешко да се докаже влијанието

„Да. Работиме на тоа. Без да се провери не може што било да се каже. Мораме да провериме како стојат сите работи и позиции“.

„Факт е дека во нашата државата има многу влијание коешто најтешко може да се докаже. Меѓутоа ние сме за тоа да се гради еден систем којшто ќе биде отпорен на корупција, систем кој сам по себе ќе ги елиминира тие што не ги исполнуваат условите, што не заслужуваат да добијат државни средства. Нас нè интересира како функционира системот. Дали системот бил отпорен или не“, вели меѓудругото Ивановска.

Првиот човек на ДКСК додаде дека е отворен предмет за набавката на учебниците

„Кај нас има отворено предмет, преку којшто се испитува набавката на учебниците во основното образование

„Да. И кај нас има отворено предмет, преку којшто се испитува набавката на учебниците во основното образование. И самиот сектор образование е дел од нашата национална стратегија. Како високото, така и средното и основното. Сме се бавеле со повеќе случаи кои се дел од образовниот систем. Имаме дадено препораки до Министерството за образование, од кои за жал сè уште немаме соодветни одговори“, искоментира Ивановска на едно од прашањата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Машала: И Љутков има стан во Бугарија,…

Министерот за култура, Зоран Љутков има четири…

Муцунски ќе одлучува дали членовите на Антикорупциска…

Членовите на Државната комисија за спречување корупција…

Барањето за дипломатскиот пасош според закон не…

Повикувајќи се на член 11 од Законот…

ОЈО и ДКСК веднаш да го истражат…

Волкот го менува влакното, но не и…

ДКСК сепак, покрај дипломатските пасоши барала и…

Претседателката на Државната комисија за спречување на…