Антикорупциска ќе го проверува внукот на Али Ахмети
Антикорупциската комисија ќе направи проверки дали постои судир на интереси при постапувањето на институциите во случајот со издавањето концесија за изградба на хидроцентрала на Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, најави претседателката на Државната комисија за спречување на корупција Билјана Ивановска.
Во гостување во дневникот на „Сител“, запрашана во врска со актуелните случаи поврзани со семејството на лидерот на ДУИ, односно со внуците и синот на Али Ахмети и конкретно околу барањата на опозицијата да ја провери имотната состојба на внукот Дрин Ахмети, кој без ниту еден денар стекнал 39 проценти од акциите во ТЦ „Соравија“, Ивановска појасни дека тој не е функционер и поради тоа немаат надлежност да ја испитуваат неговата имотна состојба.
„За да испитуваме ние имотна состојба на Дрин Ахмети немаме надлежност бидејќи тој не е функционер. Меѓутоа, ние можеме да постапуваме од аспект на тоа како постапувале институциите кога му ги давале дозволите за работа? Значи, од тој аспект – да, може да постапува ДКСК“, рече Ивановска.
Таа рече дека ДКСК ќе провери како биле издадени дозволите, појаснувајќи дека за да се отвори предмет по сопствена иницијатива, одлуката треба да биде донесена на колегиумот на антикорупционерите.
„За ние за да отвориме предмет, треба сите околности да ги ставиме на едно место и на колегиум да донесеме одлука по сопствена иницијатива да отвориме предмет. Меѓутоа, една колешка ни е на скрининг. Моментално на работа сме две колешки. Следната недела мислам дека ќе имаме кворум за да имаме колегиум. Во меѓувреме си ги правиме истражувањата кои се’ институции се вклучени во неговиот случај, така што кога ќе имаме колегиум да бидеме подготвени и да кажеме овие и овие ситуации се пред нас“, рече претседателката на ДКСК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Машала: И Љутков има стан во Бугарија,…
Министерот за култура, Зоран Љутков има четири…
Муцунски ќе одлучува дали членовите на Антикорупциска…
Членовите на Државната комисија за спречување корупција…
Барањето за дипломатскиот пасош според закон не…
Повикувајќи се на член 11 од Законот…
ОЈО и ДКСК веднаш да го истражат…
Волкот го менува влакното, но не и…
ДКСК сепак, покрај дипломатските пасоши барала и…
Претседателката на Државната комисија за спречување на…