Апасиев: Ај ги поканиме мајките на загинатите деца да ја следат интерпелацијата внатре во Собрание
Зошто да не ги поканиме мајките на загинатите деца да ја следат интерпелацијата внатре во Собрание? – вели на Фејсбук пратеникот Димитар Апасиев во врска со денешната интерпелација на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
– Согласно Деловникот на Собранието, граѓанин може непосредно да ја следи пленарната седница од Галеријата. Зошто денес да не ги пуштиме МАЈКИТЕ на загинатите деца од Кочани кои протестираат во Скопје, во живо да ја следат интерпелацијата на министерот за внатрешни работи (кој го посочуваат за селективна истрага)? – стои во објавата на Фејсбук.

Денеска семејствата на загинатите доаѓаат во Скопје, Протестниот марш е закажан во 12 часот и 5 минути, а почнува од Обвинителството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Нема правда без одговорност на Тошковски…
Откако речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски…
ОЈО ќе организира средба со родителите на…
Откако за време на вчерашниот протест во…
Кочани ни е во фокусот, вели новиот…
Министерот најави амбициозен план за реформи во…
Мајка на загината во трагедијата во Кочани…
Мајка на загината во трагедијата во Кочани…
„Деко се криел во скривница додека децата…
Газда Деко се криел доле во скривница…