Апасиев: ВМРО-ДПМНЕ ветуваше дека ќе ја укине Северна

t

 Ние со вашиот координатор Мицевски имавме двегодишна пракса да поднесуваме закони со Република „С.” Македонија. Таа пракса ја укина Џафери кога сакаше да ни ги фрли амандманите. Се сеќавам на една реплика, жолчна, на Вашиот сегашен координатор кога рече: ,Ние кога ќе дојдеме на власт, ќе ја вратиме!’ Еве, дојдовте на власт и одбивте амандман без Северна! Значи, џам свиткавте, ништо не направивте – истакна Лидерот на опозицијата, Димитар Апасиев, обраќајќи се кон Мицкоски. 

Претседателот Апасиев појасни дека сегашната власт на чело со Мицкоски воведува пет нови министерства, со тоа што од 15 стануваат 20 министерства за неполни 2 милиони луѓе коишто останаа да живеат во оваа држава. 

– Веднаш ќе ви кажам, најмалце четири од овие министерства се вишок. Тука доаѓаме до вмроидната мегаломанија. Не знам дали знаете историски: најголемата влада беше на Љубчо Ѓеорѓиевски со 27 члена, Груевски имаше со 26 члена, Мицкоски – ќе видиме. Се надевам, нема да имате 30 члена да ги надминете вашите ментори. Колку за споредба: Франција има 15 министерства, Германија има 14 министерства, Словенија има 14 министерства, Италија има 13 министерства, Белгија има 12 министерства… Јас ви тврдам, оптималниот број на министерства во Македонија е 14 – појасни Апасиев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…

На премиерот му е јасно дека Таравари…

Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…

​​​​​​Левица: Нов ценовен шок – власта повторно…

Иако Владата се фали со „успешни мерки”…

Ако јас излезам на улица, нема враќање…

Според лидерот на ДУИ, ќе протестираат за…

Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…

Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…