Апасиев: Левица ја дуплираше поддршката, Амар е новото лице на партијата
На вечерашната прес-конференција лидерот на Левица, Димитар Апасиев порача дека на овие локални избори ВМРО-ДПМНЕ стагнирале, а Левица ја дуплирале поддршката.
-Ова е пирова победа на режимот. Јас како претседател на Левица оваа вечер ќе честитам победа само на градоначалниците во Кичево и Брвеница – изјави Апасиев.
Според него, Левица на овие избори остварила значаен напредок и порача дека се прва партија во центарот на Карпош и урбаниот дел на Аеродром.
– ВМРО стагнира, Левица ја дуплира поддршката. Амар е новото лице на Левица – изјави Апасиев.
Кандидатот на Левица за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ, изрази задоволство од изборните резултати.
-Постигнавме нешто што не можевме да го замислиме пред два месеци, изјави Мециновиќ и додаде дека владејачката партија се обидела да ги обесхраби скопјани ама не успеала.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апасиев: Левица ја дуплираше поддршката, Амар е…
На вечерашната прес-конференција лидерот на Левица, Димитар…
Левица: Излезете и гласајте, учествувајте во испишување…
Прес-конференција на Левица: Денес учествуваме во вториот…
Левица обвинува за провокации и заплашувања пред…
Соопштение на политичката партија Левица: Оваа изборна…
Мециновиќ: Видов многу тага, агонија и неправда…
Ве повикувам сите неопределени, ова е историска…
Мециновиќ: Никој веќе нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ…
Никој веќе нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ да…