Мециновиќ: Видов многу тага, агонија и неправда во овие 30 години – Ве повикувам сите неопределени, ова е историска шанса масовно да си одредиме нова судбина!
Ве повикувам сите неопределени, ова е историска шанса масовно да си одредиме нова судбина! – истакна денеска во гостување во Тешки муабети на Инфомакс кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ.
– Јас растев со СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, јас видов многу тага и агонија и неправда, тоа веројатно најмногу го чувствувале неопределените кои се резигнирани. Оваа кандидатура е можност да избереме нешто што е надвор од рамките на она што го имаме 30 години. Првпат луѓе кои размислуваат поинаку се одважија и со нивните гласови сме во вториот круг, сега е на вас, вие можете во вториот круг да ја пресудите судбината во која живееме. Секои следни избори веќе нема да ве лажат дека глас даден за трета опција е залудно даден глас. Мојот повик е масовно да излезете во недела и да го искажете својот револт, вреди да се проба, победата ќе биде натпартиска и мандатот ќе биде натпартиски, порача Мециновиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица не ја поддржа изградбата на две…
Советниците од политичката партија Левица на денешната…
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
Левица предлага државата да ви го врати…
Пратениците на Левица поднесоа Предлог-закон за семејна…