Апасиев најавува интерпелација за Милошоски поради неговата посета на Тајван
Лидерот на Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев ја критикува посетата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на Тајван. Според Апасиев, со ова директно се нарушуваат односите со Народна Република Кина
„Овој вмровски дипломат ја продолжува десничарската традиција на „лутење“ на Кина, која после авантурата на Циле и Љубчо на крајот на 1990-те, како држава не донесе до ГРАЃАНСКА ВОЈНА после повлекувањето на силите на Обединетите Нации од косовската граница (војната со албанските терористи од 2001 е директна последица на мајтапењето со Кина).
Дали овие ВМРОИДИ се свесни што прават!? Дали знаат дека ‘рчкањето со две од петте постојани земји-членки на Советот за безбедност на ООН може да не чини губење на државата во новите геополитички релации“, објави Апасиев на социјалните мрежи, најавувајќи дека ќе следува интерпелација за Милошоски во Собранието, поради, како што истакнува, „неговата авантура“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Нов ценовен шок – власта повторно…
Иако Владата се фали со „успешни мерки”…
Не помина интерпелацијата на Тошковски
Попладнево во Собранието пратениците дебатираа за интерпелација…
Апасиев: Ај ги поканиме мајките на загинатите…
Зошто да не ги поканиме мајките на…
Интерпелација на министерот Панче Тошковски денеска во…
Денеска во 11 часот е закажана седницата…
Мојсоска пред утрешната интерпелација на Тошковски: Одговорност…
На младите им го ускративте правото да…