Мојсоска пред утрешната интерпелација на Тошковски: Одговорност мора да има!

t

На младите им го ускративте правото да тагуваат по своите врсници, вели во објава на Фејсбук пратеничката од Левица, Јована Мојсоска.

Во продолжение нејзината објава на Фејсбук:

Кадровските решенија на министерот кој ќе го “рестартира” системот:

-Жарко Златески – ВД командир на ПС Македонски Брод (братучед на пратеничката Бисера Златеска и именуван после трагедијата во Кочани);

-Братучедите на Тошковски, Крунислав Хаџи Наумов и Благојче Хаџи Наумов, експресно унапредени во СВР Велес (од помлад инспектор во самостоен инспектор и личен телохранител на Мицкоски и од обичен полицаец до виш инспектор);

-Сашо Петрушевски (државен секретар на МВР од ЗНАМ, кривично гонет за злоупотреба на службена положба и злосторничко здружување);

-Ердол Рамадан – командир на ПС Ропотово, за време на владеењето на СДС и ДУИ пукаше со автоматска пушка, по што Тошковски го врати на функција (овој пат како кадар на ВРЕДИ).

Утре во Собранието е ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА против Тошковски поднесена од Левица, додека мајките на настраданите деца ќе протестираат во Скопје. Обвинуваа за политичко ЛЕШИНАРЕЊЕ оние кои на денот на најмасовниот погреб во историјата на Македонија платиле 400.000 евра ДРЖАВНИ ПАРИ ЗА МЕРЕЊЕ РЕЈТИНГ. Иако имаат буџет од партиско-истражувачки центри, кога Македонија тагувала, партијата на Мицкоски гледала како да исцеди пари преку буџет на влада, да шиканира, да демонизира, да се заканува.

Во најголемата трагедија на Македонија, на младите им го ускративте правото да тагуваат за своите врсници! Поради вашата параноја да не ја изгубите фотелјата МОРАЛНА ОДГОВОРНОСТ мора да има.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…

Во просториите на Општина Делчево се одржа…

Родителите на загинатите: Ако надлежните навреме постапеле…

Адвокатот Петре Шилегов повторно бара Јавното обвинителство…

Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…

Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…

Голем пожар во автобуска компанија во Кочани

Голем пожар утрово ја зафати автобуската компанија…

Божиновска им се заблагодари на пратениците за…

Министерката за енергетика Сања Божиновска ја поздрави…