Апасиев: ТАЧЕ си дал оставка. Уште Али остана. Pse jo?
По вчерашната оставка на, сега веќе поранешниот, претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, коментар на Фејсбук даде и лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
– ТАЧЕ си дал оставка. Уште Али остана. Pse jo? – напиша Апасиев на Фејсбук.
Димитар Ковачевски си даде оставка од претседателската функција во СДСМ. Како што соопшти партијата, на вчерашната седница на Извршниот одбор на СДСМ, Ковачевски го потврди повлекувањето од функцијата претседател што го најави на 8 мај, и согласно Статутот на партијата иницираше свикување Конгрес на СДСМ заради анализа на изборните резултати и изјаснување за довербата на органите на СДСМ, избрани од Конгресот, со оглед на изборните резултати.
Во пресрет на седницата на Извршниот одбор на партијата, Ковачевски соопшти дека се повлекува поради катастрофалниот резултат на претседателските и парламентарни избори, побара свикување Конгрес и организирање внатрепартиски избори. Одговорноста за резултатите и поразот ја лоцираше кај сите функционери од партијата и го повика комплетното раководство на партијата да даде оставки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…
Во просториите на општина Гостивар попладнево се…
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…
Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…
Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…
Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…