Апел до посетителите да избегнуваат ризични терени на Шар Планина поради лавинска опасност

t

На Националниот парк Шар Планина е регистрирано значително зголемување на лавинската опасност поради обилните врнежи од снег, засилениот ветер и порастот на дневните температури. Од националниот парк апелираат посетителите и љубителите на зимските спортови да се движат внимателно и да избегнуваат ризични терени.

„Поради последните обилни врнежи од снег, засилен ветер и пораст на дневните температури, на територијата на Националниот парк Шар Планина е забележано значително зголемување на лавинската опасност, особено на стрмни падини со источна, југоисточна и јужна експозиција.

Апелираме до сите посетители, планинари и љубители на зимските спортови:

-движете се внимателно во планински услови

-избегнувајте ризични и стрмни терени

-користете соодветна безбедносна опрема

Планината е прекрасна, но бара одговорност. Информираноста и добрата подготовка се клучни за безбедно уживање во природата. Безбедноста секогаш нека биде на прво место, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изгоре цела планина, а Мицкоски промовира проекти…

Крајно неодговорна и бесчуствителна е денешната изјава…

Кои се најопасните земји за посета во…

Јужен Судан, Либија и Авганистан се најопасните…

Европската унија е во опасност од умирање…

Без разлика дали се на власт (често…

ЦУК информира: Еве на кои планини нема…

Низ парк шумата Водно или низ нашите…

Македонските железници зрачат смрт: Кои се 30…

Нашите заеднички напори да ја подобриме железничката…