Македонските железници зрачат смрт: Кои се 30 најопасни премини во Македонија?

t

Нашите заеднички напори да ја подобриме железничката инфраструктура во Македонија не треба да се фокусирани само на инфраструктура. Постоечката и новата инфраструктура треба да се одржува соодветно за да се зголеми безбедноста и да се избегнат несреќи, укажува Матеј Закоњшек, директор на Секретаријат на Транспортната заедница на ЈИЕ во интервјуто за МИА.

Премините, крстосниците и пругите, посочува тој, се едни од најчуствителните точки на сообраќај.

-Околу 55 отсто од сите несреќи на железничките премини се со фатален исход или тешки последици. Транспортната заедница заедно со сите регионални партнери и со поддршка од ЕУ мапираше 30 најкритични премини во Северна Македонија и работи на тоа да ја зголеми безбедноста преку подобрување на инфраструктурата и обука на вработените, информира Закоњшек во интервјуто за МИА.

Тој најавува дека ќе се спроведе кампања за подигнување на јавната свест низ целиот регион, како што вели, да ги предупредиме нашите граѓани за опасноста на премините, за важноста да бидат соодветно обележани и кои се сообраќајните правила кога треба да се вози таму.

По 2021, која беше Годината на железницата, во 2022 година Транспортната заедница исто така ќе се фокусура на зелени, одржливи патишта на иднината.

-Активно поддржуваме „зазеленување“ на инвестициите во патиштата, распоредување на напредни информациски технологии и електронски патарини во Западен Балкан. Во блиска иднина, нашите граѓани ќе бидат во можност да ги возат своите електрични возила во регионот и пошироко и да можат да застанат за станици за напојување, кои ќе бидат инсталирани на главните коридори. Веќе почнавме да ги мапираме потенцијалните локации за електронски станици за напојување во Западен Балкан, посочува Закоњшек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата повторно ги спасува „Железници“ со 16…

Иако на крајот од минатата година, преку…

Европската унија е во опасност од умирање…

Без разлика дали се на власт (често…

Се бара нуркач за да ја провери…

Се бара нуркач за да ја провери…

Судска медицина ќе ја утврдува причината за…

 Министерството за здравство во врска со смртниот…

Уште тоа ни требаше: Железничарите најавија блокада…

Системот секодјневно се распаѓа, по протетсите на…