Апел за помош: Потребни се 40.000 евра за операција и терапија на Петар!
Трогателна приказна за борба, надеж и човечка солидарност повторно повикува на помош. Младиот Петар, кој изминативе години се бори со ретка болест, се соочува со нов предизвик – итна операција која е клучна за намалување на неговите болки и подобрување на неговата здравствена состојба.
„Драги хумани пријатели, драги сограѓани Охриѓани и сите хумани луѓе од Македонија и од странство,
Многумина од вас веќе ја знаете нашата приказна за мојот син Петар. Во изминатите две години, благодарение на вашата хуманост, емоционална и финансиска поддршка, успеавме да стигнеме до последниот чекор – операција која е закажана за почетокот на јуни.
Поради слаба циркулација во левата нога и силни болки кои не се смируваат ниту со аналгетици, Петар не може да спие и секојдневно се соочува со сериозни тешкотии. Лекарите закажаа итна операција со цел да се намали болката и да се коригира деформитетот на стапалото.
Овие состојби се последица од ретката болест Tyrosine Hydroxylase Deficiency, која за жал била доцна дијагностицирана. Зад него се веќе неколку тешки операции, а претстојната е од клучно значење за неговото понатамошно закрепнување.
За операцијата, како и за физикалната и роботската терапија што ќе следи, потребни се околу 40.000 евра. Интервенцијата ќе се изведе во Истанбул, бидејќи во земјава нема услови за третман на оваа состојба.
Како самохрана мајка, која со години поминува низ болници, не сум во можност сама да ги обезбедам овие средства. Но, заедно со вас – хуманите луѓе – верувам дека можеме повторно да помогнеме и да му овозможиме на Петар живот без болка.
Секој ден за него претставува борба, а оваа операција е надеж за олеснување и напредок.
Сите кои се во можност можат да помогнат со донација или со споделување на апелот:
Трансакциска сметка: 270-7000821760.21
Примач: Gordana Poposka (HALKBANK)
Онлајн донации:
https://pavelandreev.org/mk/campaign/pomosh-za-petar
Телефони за донација:
T-Mobile: 143-161
A1: 143-479“ се вели во објавата на неговата мајка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина ѝ нуди помош на Куба за…
Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека…
РСБСП со апел: Внимателно и одговорно учество…
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на…
Бугарската влада одобри 460.000 евра помош за…
Бугарската влада ќе додели вкупно 900 илјади…
Дали треба да излеземе на улица за…
Дали крикот на Личните Асистенти ке биде…
Апел од граѓани на Кочани за „нелегален,…
На социјалните мрежи се шири Апел од…