Објавено на:

Апокалиптични сцени во БиХ: Дваесет лица мртви, бремена жена го изгуби бебето, водата носи куќи полни со луѓе, војката на нозе

t

Состојбата со поплавите во БиХ е алармантна, има загинати и исчезнати лица. Центрите на градовите беа претворени во реки, а некои места беа отсечени од светот.

Како што јавува Кликс, во близина на изворот Комадино, недалеку од Јабланица, во Босна и Херцеговина патот е целосно исчезнат поради пороите и одроните што го зафатија теренот. На фотографијата може да се види и како железничката пруга виси во воздухот бидејќи водата ја однела почвата под неа.

Поради големите поплави и одрони, голем број од населението е загрозено, со информации дека има жртви, како и голем број повредени и исчезнати лица“, соопшти Федералната управа за цивилна заштита.

Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина Зукан Хелез во програмата на Ал Џезира изјави дека според непотврдени информации има 20 жртви во катастрофалните поплави и одрони.

„Дневни аваз“ јавува дека неколку лица се водат за исчезнати во селото Злате кај Јабланица, кое е во најлоша состојба.

Владата на Херцеговско-неретванската жупанија, со седиште во Мостар, ја нарече ситуацијата критична и ги повика граѓаните да не се движат кон Коњиќ и Јабланица.

Најавите за нови обилни дождови даваат причина за дополнителна загриженост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апокалиптични сцени во БиХ: Дваесет лица мртви,…

Состојбата со поплавите во БиХ е алармантна,…

Поплави и обилни врнежи предизвикаа хаос во…

Обилни врнежи и поплави погодија делови од…

Дунав се излеа од коритото и почна…

Насипите во повеќето делови на градот се…

Бурата „Борис“ предизвикува поплави и свлечишта во…

Домови се евакуираат во северниот италијански регион…

Најмалку осум загинати во поплавите во Европа

Бројот на загинати во поплавите во централна…