Објавено на:

ЕУ одобри создавање на одбранбен фонд во вредност од 150 милјариди евра

t

Европските министри во вторник го одобрија создавањето на фонд за одбрана од 150 милијарди евра, поради загриженоста за иден руски напад и сомнежите во врска со безбедносните обврски на САД кон ЕУ.

Одобрувањето од страна на министрите беше последниот правен чекор во воспоставувањето на шемата „Безбедносна акција за Европа“ (SAFE), која е поддржана од заедничко задолжување од ЕУ и ќе доделува кредити на европските земји за заеднички одбранбени проекти, објави Ројтерс. Европската комисија го предложи фондот во март, бидејќи меѓу европските лидери растеа стравувањата и сомневањата дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп нема да застане на страната на одбраната на Европа во случај на евентуален напад.

Вознемирени од руската инвазија на Украина и стравувајќи дека би можеле да бидат следната цел на Москва, земјите од ЕУ веќе ги зголемија трошоците за одбрана за повеќе од 30 проценти во последните три години, но лидерите на ЕУ велат дека тоа не е доволно.

Иницијативата SAFE има за цел да ги сруши националните бариери преку финансирање на заеднички проекти меѓу земјите од ЕУ и силно го поттикнува купувањето европско оружје, со цел зајакнување на одбранбената индустрија во Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…

ЕУ и земјите од Заливот ја одложија…

Европската Унија соопшти дека ја одложува средбата…

Мерц бара значително намалување на буџетот на…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека…

(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…

Македонски јазик и култура постојат и тие…

(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…

Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…