Апостолов: На Скопје му се заканува епидемиолошка катастрофа
На Скопје му се заканува епидемиолошка катастрофа и најпарадоксално е што говориме за урбан простор, Скопје кое беше избрано за европска престолнина на културата за 2028 и болести од 16-ти век кои се искоренети многу одамна, реагира Ивица Апостолов, претседател на Здружението на медицински лаборанти.
„Факт е дека ние имаме во денешницата антибиотици за да можеме да се справиме со такво нешто. Навремената превенција секогаш во здравството е подобра отколку лекување, зборувам материјално, финансиски и нешто што не ја оптоварува државата.Ова што се случува кај нас е катастрофа, затоа што месец дена, па дури повеќе можам да кажам, несоодветно собирање на сметот и складирање онаму каде што му е место, ние се доведувме во ситуација да зборуваме за зарази или за потенцијално загрозување на јавното здравје“ – изјави Ивица Апостолов од Универзитетскиот институт за клиничка биохемија.
Во однос на мерките и препораките на Институтот за јавно здравје, ставовите се поделени. За Апостолов има неколку мерки за граѓаните кои се парадоксални:
„Ние имаме врвни епидемиолози, не верувам дека такво нешто би си дозволиле и не сакам ни да поверувам, но сепак она што е напишано е буквално препишано од еден епидемиолошки дневник. Е она што ми е најинтересно и смешно за мене. Замислете треба јас да излезам од дома со ракавици и со маска, дури некаде прочитав и KN 95 маска. Тоа не само што е чудно, туку и парадоксално некој такво нешто да го каже и да го изјави. Зошто ? Ако некој препорачува ние да носиме такво нешто секојдневно кога фрламе ѓубре, тогаш луѓето кои ја разбираат проблематиката ќе речат дали ние имаме хантавирус или позитивен пнеумо синдром од кој што ќе треба да се штитиме со маска. Тоа не е точно, во моментов тоа го нема“ – додава Апостолов.
Ваквата препорака е оправдана само за луѓето кои раководат со отпад, за оние со астма и различни белодробни заболувања.
„И она што е уште поапсурдно и ќе го поставам како прашање: што ако ние сега мораме да излагаме со маски и со раквици каде да ги фрлиме и како да ги фрлиме. Значи од кога ќе го одложам сметот ќе треба да одам да ги фрлам, па тогаш зошто ги носам. Вакви парадокси имаше во Ковидот кога на отворено носевме маски“ – вели Апостолов.
На крајот на краиштата сите граѓани плаќаат за да живеат во чист град, се знае точно која институција за што е надлежна и на кое ниво треба да биде свеста кај самото население во одржување на хигиената затоа што здравјето на граѓаните е јавно здравје и според Уставот државата е одговорна за јавното здравје, додава Апостолов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апостолов: На Скопје му се заканува епидемиолошка…
На Скопје му се заканува епидемиолошка катастрофа…
Мечка на главниот булевар во Дебар, ловците…
Пред неколку дена, во доцните вечерни часови,…
Водата во Тетово. небезбедна за пиење
Од Јавното претпријатие Водовод и Канализација во…
Министерот Минчев направил лапсус: Не се работело…
Не се работи за нов Закон за…
Трамп му постави услов на Путин: „Нема…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема…