Апсења во Центар, Гази Баба и Карпош: Приведени три лица ширум Скопје
Полициските службеници во текот на минатиот ден имаа неколку акции, при што уапсија три лица поради дрога.
Најпрво во 20.50 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Р.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Потоа во 21.10 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Х.(41) од Скопје. При претрес во неговиот дом на подрачјето на Центар, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Последниот случај е регистриран во 00.05 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Х.(23) од Косово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случаите ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Toшковски го пофали обвинителството: Обвинението пристигнало во…
Претседателот на кочанскиот суд, Спиро Борисов, во…
(Видео) Пеката од ВМРО-ДПМНЕ како студент имал…
Во најавената епизода на „На кавга со…
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…