Апсење во Горно Соње: Уапсено лице барано со потерница

t

Во скопското село Горно Соње денеска во 12.20 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.В.(46) од Куманово, со живеалиште во Скопје.

МВР соопшти дека тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и шест месеци, за сторено кривично дело по член 131 став 1 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната, се вели во соопштението од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дополнување: Нови детали за приведувањето за трагедијата…

Како дел од истрагата за трагедијата во…

ЕКСКЛУЗИВНО! ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОД…

Како дел од истрагата за трагедијата во…

Приведен криминалец од Арачиново баран со потерница

Денеска (26.05.2025) околу 13:35 часот во с.Арачиново,…

Истрага против 11 лица од кои седум…

По неколкумесечна предистражна постапка што ја спроведуваше…

Во „Бункер“ приведени четворица припадници на криминалната…

Врз основа на обезбедени докази во текот…