Арачиновец со „Мерцедес“ се удрил во полициско возило – 8 лица се повредени
Вчера во 17.40 часот било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Граничен премин Белановце, атар на село Белановце, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(62) од с.Арачиново-скопско, и возило „дачиа дастер“, сопственост на МВР, управувано од О.С.(43) од с.Облавце-кумановско.
„Во незгодата со телесни повреди се здобиле А.Б., О.С., како и уште тројца полициски службеници кои биле во возилото „дачиа“ и уште три сопатнички од патничкото возило „мерцедес“, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: Можни се поплави во Арачиново, Стајковци…
Воздушна маса со изразена нестабилност се задржува…
Полицаец прегазен на службена должност во Скопје…
На 04.06.2025 околу 20.05 часот во СВР…
Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…
Незавидната положба во која се оставени припадниците…
Приведен криминалец од Арачиново баран со потерница
Денеска (26.05.2025) околу 13:35 часот во с.Арачиново,…
Страшна несреќа утрово во Хрватска: Се преврте…
Страшна несреќа се случи утрово на автопатот…