Арбен Траравари злоупотребен во лажна реклама за слабеење

t

Лидерот на владејачката Алијанса за Албанците, актуелен градоначалникот на Гостивар, д-р. Арбен Таравари се огласи по повод рекламите за брзо слабеење.

Тој вели дека како лекар, длабоко е загрижен за ширењето лажна реклама во негово име за производ за слабеење, за којшто се тврди дека придонесува за губење на телесната тежина.

„Ги повикувам луѓето да бидат исклучително внимателни кога наидуваат на вакви содржини, коишто во дадени околности дури може да предизвикаат и големи штети по нивната здравствена состојба. Мој приоритет отсекогаш бил грижа за здравјето и благосостојбата на граѓаните. Сите граѓани треба да имаат пристап до точни и веродостојни информации кога станува збор за нивното здравје и благосостојба. Ги повикувам институциите да преземат мерки против ваквите лажни реклами коишто не само што можат да ги доведат потрошувачите во заблуда, туку и да предизвикаат сериозни здравствени ризици“ – вели Таравари.

Неодамна на ваква злоупотреба во реклами за лекови злоупотребено беше и името на микробиологот Михаил Пановски, а освен него, се пожалија и неколку други стручњаци кои се познати во јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…

Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…

Таравари: Одиме со посебни советнички листи и…

Засега имаме сигурна одлука дека одиме со…

Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

(Видео) Опасна реклама од министерството за одбрана…

„Ќе се вратиме во Киев“, вели војникот.…