Објавено на:

Аргентинците “се тепаа” за карти: Цената за билет “на црно” достигна 10.000 евра!

t

Илјадници навивачи на Аргентина предизвикаа сообраќаен хаос во Доха, а според светските медиуми цената за билет достигнала и до десет илјади евра!

Безбедносните служби беа принудени да спречат голем број навивачи кои се обидуваат да ги искористат предностите на железничкиот транспортен систем во главниот град на Катар, Доха. Сепак, огромниот број првенствено аргентински навивачи предизвикаа колапс на системот, па сè беше значително забавено.

Стадионот „Лусаил“ може да прими 88.966 навивачи, а надвор од стадионот веќе на големо се препродаваат билети. Цената на „црниот пазар“ достигна десет илјади евра.

Навивачите кои не можеа да се качат во возовите користеа такси услуги, но локалните возачи решија да ги остават луѓето на 50 минути оддалеченост од стадионот „Лусаил“ за да избегнат дополнителни проблеми во сообраќајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лекорни: Франција ќе ја користи каматата од…

Франција ќе ја искористи каматата од замрзнатите…

Полска „сериозно разговара“ со Франција за да…

Полска ќе бара пристап до нуклеарно оружје…

Кремљ: Франција сака војна, не мир

Изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за…

Франција ќе ѝ доставува разузнавачки информации на…

Франција денеска соопшти дека ќе продолжи да…

Рекордна заплена на речиси 10 тони кокаин…

Речиси 10 тони кокаин се запленети викендов…