Аргентинците “се тепаа” за карти: Цената за билет “на црно” достигна 10.000 евра!
Илјадници навивачи на Аргентина предизвикаа сообраќаен хаос во Доха, а според светските медиуми цената за билет достигнала и до десет илјади евра!
Безбедносните служби беа принудени да спречат голем број навивачи кои се обидуваат да ги искористат предностите на железничкиот транспортен систем во главниот град на Катар, Доха. Сепак, огромниот број првенствено аргентински навивачи предизвикаа колапс на системот, па сè беше значително забавено.
Стадионот „Лусаил“ може да прими 88.966 навивачи, а надвор од стадионот веќе на големо се препродаваат билети. Цената на „црниот пазар“ достигна десет илјади евра.
Навивачите кои не можеа да се качат во возовите користеа такси услуги, но локалните возачи решија да ги остават луѓето на 50 минути оддалеченост од стадионот „Лусаил“ за да избегнат дополнителни проблеми во сообраќајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Полицаец се запали среде протести во…
Полицаец во Франција се запали откако демонстрант…
Франција распоредува 70.000 полицајци по најавите за…
Франција се подготвува за нови протести со…
Франција заплени 68 кг кокаин, информациите ги…
Како резултат на успешната меѓународна полициска соработка…
Речиси 1.000 уапсени по вчерашните протести и…
Речиси 1.000 лица се уапсени откако стотици…
Се урна воен авион во североисточна Франција
Воен авион се урна во вторникот доцна…