Армиите на неколку африкански држави на готовс: Дали светот е пред уште една голема војна?
Поранешниот врховен командант на НАТО во Европа, Џејмс Ставридис, предупреди дека конфликтот во Нигер во време на крајниот рок за пучистите да ја предадат власта потенцијално може да доведе до „сеопфатна војна во Африка“.
Помина рокот од една недела што коалицијата на западноафриканските држави го постави за Нигер да се врати на демократско владеење.
Барањето беше отфрлено од земјите предводени од војската Буркина Фасо и Мали, кои заедно предупредија дека секоја интервенција ќе значи објава на војна.
Условите за голема ескалација брзо се создаваат на континентот кој беше место на некои од најсмртоносните војни во минатиот век.
Некои веруваат дека таков конфликт ќе има огромни последици, не само за луѓето од регионот Сахел, туку и многу пошироко, со потенцијал да привлече сили како САД, Франција и Русија.
Генерал Ставридис стравува дека сите овие случувања можат да доведат до целосна војна во Африка, бидејќи конфилктот има потенцијал за тоа
За време на викендот началниците за одбрана на западноафриканските земји го финализираа планот за интервенција и ја повикаа војската да подготви ресурси по застојот на преговорите со воената хунта на Нигер.
„Сите елементи што би влегле во каква било евентуална интервенција се поставени , вклучувајќи го времето, потребните ресурси и како, каде и кога ќе распоредиме такви сили“, изјави Абдел-Фату Мусах, комесар на Економската заедница на Западноафриканските држави (ЕКОВАС) по состанокот на шефовите за одбрана на земјите од ЕКОВАС, освен Мали, Буркина Фасо, Чад, Гвинеја и Нигер.
Сепак, Муса не кажа дали ЕКОВАС ќе распореди сили на крајот од рокот даден на хунтата.
Од друга страна Генералот Кристофер Гвабин Муса, началникот на штабот за одбрана на Нигерија, земја сосед на Нигер, изјави дека демократијата мора да се врати, со дипломатија или со сила.
Нигерија, земја со најголем број на жители на африканскиот континент најавува дека воените „подготовки се веќе во полн ек, и дека нигеријската војска е на готовност“.
,,Нигерија нема да отстапи и ќе направи се што е потребно за да го врати Нигер под цивилна управа“, гласи ставот на оваа земја сосед на Нигер.
Во меѓувреме, американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека САД замрзнале одредени програми за странска помош наменети за Нигер
„Обезбедувањето помош од Соединетите Американски Држави за владата на Нигер зависи од демократското владеење и почитувањето на уставниот поредок. Паузираме одредени програми за странска помош и ќе продолжиме да ја разгледуваме нашата помош како што се развива ситуацијата“, изјави Блинкен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…