Армиски хеликоптери напомош во гаснење на пожарот кај Пепелиште
Армиски хеликоптер се вклучи во гаснење на пожарот во Неготинско, потврдија од Дирекција за заштита и спасување (ДЗС). Се интервенираше околу село Пештерница кое нема жители, на терен се пожарникари од Неготино и Кавадарци, луѓе од неготинското комунално претпријатие.
Дирекција за заштита и спасување учествува во гаснење со два тима, еден од Валандово и еден од Свети Николе со четири возила. Претходно оперираше и хеликоптерот на Министерствто за внатрешни работи (МВР).
Генерално, нема опасност за населби и инфраструктура од големиот пожар кај армискиот полигон „Пепелиште“, со опсег од десетина километри. Гаснењето продолжува, опасниот крак од пожарот што ги загрозуваше селата Пепелиште и Војшанци е изгаснат, па не постои повеќе опасност за двете села.
Вчера, ЦУК упати барање за поддршка за целосно извидување на теренот од воздух до МВР и барање за извидување од воздух со дронови на Граничната полиција и на „Фронтекс“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дете од Дебар е тешко повредено во…
Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…
Се гради најголемата пловна населба во Европа!
Најголемата пловна населба во Европа наскоро би…
„Макрон секогаш сфаќа погрешно“ – Трамп го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална…
Јаневска: Над 13.200 пријави за упис во средно…
Министерката за образование, Весна Јаневска на својот…
Во мај пријавени се три случаи потврдени…
Во текот на мај, во државава пријавени…