Армијата, полицијата и хеликоптери го гаснат пожарот во Јасен

t

Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува. Од земја дејствуваат припадници на специјалните единици на Армијата и Полицијата заедно со екипи на ЈП Јасен. Од воздух дејствуваат еден ер трактор на ДЗС и еден полициски хеликоптер, соопшти директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

– Една линија на пожарот која се протегаше исклучително стрмно над асфалтираниот пат кој низ ловиштето Јасен води од Скопје кон езерото Козјак, е успешно изгасната од страна на армиските Волци со што е спасена поголема површина зимзелена шума.

Борбата со огнот на моменти е ризична поради што сеуште не може да се воспостави контрола над овој шумски пожар кој се одвива на екстремно тежок терен.

Пожарот над с. Свиларе е целосно изгаснат додека пожарот на територијата на с. Радуша се уште е активен и се движи кон општина Јегуновце.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Армијата, полицијата и хеликоптери го гаснат пожарот…

Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува.…

Хеликоптерите на МВР на терен – фрлени…

Во соопштението на Центарот за управување со…

На конкурсот за Воена академија се избрани…

После реакциите од јавноста за конкурост на…

Во пукањето во Батинци загина припадник на…

Педесетгодишен припадник на Армијата со иницијали А.М.…

Сиљановска-Давкова донесе одлука за ангажирање на Армијата…

Претседателката, согласно Законот за управување со кризи,…