Армијата, полицијата и хеликоптери го гаснат пожарот во Јасен
Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува. Од земја дејствуваат припадници на специјалните единици на Армијата и Полицијата заедно со екипи на ЈП Јасен. Од воздух дејствуваат еден ер трактор на ДЗС и еден полициски хеликоптер, соопшти директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
– Една линија на пожарот која се протегаше исклучително стрмно над асфалтираниот пат кој низ ловиштето Јасен води од Скопје кон езерото Козјак, е успешно изгасната од страна на армиските Волци со што е спасена поголема површина зимзелена шума.
Борбата со огнот на моменти е ризична поради што сеуште не може да се воспостави контрола над овој шумски пожар кој се одвива на екстремно тежок терен.
Пожарот над с. Свиларе е целосно изгаснат додека пожарот на територијата на с. Радуша се уште е активен и се движи кон општина Јегуновце.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Платите во Армијата и одбраната се зголемуваат…
Сакам да информирам за една преубава вест,…
Доскорешниот началник на Генералштабот на АРМ, Васко…
Поранешниот началник на Генералштабот на Армијата на…
Професионалните војници по 45 години ќе можат…
Професионалните војници кои ќе наполнат 45 години…
Сиљановска: Македонската Армија покажа дека и мала…
Претседателката и врховна командантка на Вооружените сили,…
Мицкоски: Армијата е симбол на чест, дисциплина…
Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка и изрази…