Арсовска: Ако толку се грижите за луѓето во ЈСП откажете се од тие 500 евра кои ги земате за неколку саати тука
Морам да кажам дека чудно е како имаат овие граѓани прашања до вас кога ги сменивте вашите директори, претходно немавте прашања, вели градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на денешната вонредна седница на Советот на Градот на која дел од советниците рекоа дека пренесуваат прашање од граѓани по кои критериуми се назначуваат директори на јавните претпријатија.
– Прашуваат кои критериуми се за вработување на директори, а порано не прашуваа за шефот на кабинет на Мицкоски?
Еве да ви одговорам, критериумите се истите како и претходно, истите кои беа за претходниот директор кој беше шеф на кабинет на Мицкоски.
Кога ги препорачува министерот за опозиција се доби, инаку не се.
Платата е задоцнета за три дена, не значи дека доцнењето нема да биде пет дена ама порано кога беше ваш директор никој не инструирал луѓето да излегуваат и да штрајкуваат, вели Арсовска која уште еднаш повтори дека доколку некој сака да му се помогне на ЈСП наместо да се прават политички циркузи да се изгласа предлог-одлуката.
– Да бевте толку загрижени за тие луѓе може ќе се откажевте од тие 500 евра кои ги земате тука за неколку саати, рече Арсовска откако дел од советниците почнаа да ѝ упаѓаат во збор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
Се намалува цената на парното во Скопје
Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…