Арсовска: Блокадата не значи дека градот нема да функционира: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ да се надминат себеси и да работат во интерес на граѓаните
Блокадата не значи дека градот нема да функционира, туку дека нема да се реализираат некои проекти, на пример помошта за граѓаните за справување со енергетската криза.
Ребалансот не е голем, нема драстично да промени нешто, ќе се искористеа наменски да се искористат некои средства, ама со намера се блокира и тоа е проблематично, рече градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во гостување во ТВ 24.
Немаат образложение за блокадата, амандманите кои ги доставија се технички неисправни.
ВМРО-ДПМНЕ се власт, а тие не доведоа до оваа состојба, треба да се надминат себеси и треба да бидат конструктивни во интрес на граѓаните.
Отпочнавме да наведуваме системски решенија, јас не навлегувам во полтички игри бидејќи знам дека лидерите на партиите имаат тело кое ќе ги следи слепо каде и да тргнале, ама има и чесни и вредни членови.
Гледате луѓе земаат плата, не одат на работа. Ние се трудиме оние кои работат во градската администрација да бидат на висина на задачата, а ние се соочивме со луѓе кои или ништо не работат, или не одат на работа и земаат плата, детектиравме луѓе кои активно живеат во Германија 4-5 години…
Нормално е да има отпор, партии си вработувале цело членство. Ако сакаат луѓето плата треба да се појават на работно место.
Ние таквите ги отстранивме и треба граѓаните да дадат поддршка, им доволно луѓе кои сакаат да работат, а за сметка на нив има луѓе кои не работат, а земаат плата, рече Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Изгорел склад за градежни материјали во Скопје
Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…
Невреме со дожд и град го зафати…
Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме…