Арсовска: Во Град Скопје се формираше совет за поддршка на женско претприемништво

t

Денеска во Град Скопје се формираше Советот за поддршка на женско претприемништво, којшто на првата седница го разгледа програмскиот акт на Советот со цел посветување на поголема поддршка на жените претприемачи, креирање политики за родово буџетирање, унапредување на родовата рамноправност и програми за финансиска поддршка за жените кои ја почнуваат својата претприемачка приказна.

Во своите општи цели Советот, пред се, ќе креира политики за да го олесни пристапот во учеството на жените во оштественото дејствување. Ќе дејствува во насока на подобрување на родовите улоги и елиминирање на ограничувањата, а ќе креира и можности за економско зајакнување на жените.

Во своите конкретни цели Советот гo вклучува унапредувањето на родовата перспектива во градот Скопје, како и вклучувањето на неколку принципи на родовите аспекти во креирање на главните политики на Градот, собирање анализа на податоци специфични за родот, еднаков пристап и користење на услугите, еднаква вклученост во одлучувањето, еднаков третман во процесите на управување.

Важно е да се работи на родово сензитирано буџетирање во Градот Скопје, кое како инструмент на финансиска политика за родова перспектива ќе значи праведно распределување на буџетот.

Советот има за цел да креира програми и создава можности за финансиска поддршка на жените претприемачи, но и да креира стимулативни програми за започнување на нови бизниси за жените.

Како прв Совет од ваков вид во градот Скопје, Советот за поддршка на женско претприемништво ќе работи на натамошно развивање и вмрежување со преостанати организации, со цел подигнување на нивото на жени претприемачи во општеството – Напиша градоначалничката Данела Арсовска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца лишени од слобода за разбојништво во…

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…

Ја тепал сопругата за да му даде…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…