Арсовска ги подбра општинските градоначалници: Си имаат буџет и нека работат, не да се фалат по социјални мрежи со проекти на Градот Скопје!
Градоначалниците на општините нека си се истакнат, си имаат сопствени буџети и приоритет на Градот Скопје е реализација на проектите од програмата “За модерно Скопје”, истакна за време на денешната седница на Советот на Градот Скопје, градоначалничката Данела Арсовска.
– Прво морам да ви кажам за квалификацијата дека некој влегува во конфликт со советот, не е точно, јас влегувам во конфликт со поединци кои инструирани од нивниот лидер сакаат да напаѓаат и блокирата.
За ова конкретно што го кажавме за меѓуопштинската соработка, истата си беше уредно побарана од страна на општина, не сме ја потегнале ние, немаме такво право, тоа е исклучиво нивна надлежност.
Едновремено, во општина Ѓорче Петров 27 улици направивме во пет населени места со меѓуопштинска соработка, тука сега се редат проекти кои се меѓуопштински, треба да видиме да има рамномерна распределеност по општини и не можете доколку некој градоначалници не се способни да си го распределат својот буџет, ние од нашиот градски буџет да одвојуваме и наместо нашиите да ги реализираме нивните проекти.
Да, ние сакаме да помогнеме, ама половина од она што пристига од средствата кои се одделени си одат во општинските буџети, нека си се истакнат општинските градоначалници, нека работат малку.
Градот Скопје ќе помогне на секоја од оштините, но пред се треба да работиме и да ја реализираме програмата за која граѓаните ви дале поддршка и на вас и на мене, а тоа е програмата За модерно Скопје и таму приоритети се програите кои се таму наведени, а не проектите на лоокалните градоначалници.
Ќе им помогнеме, ама треба да кажат дека им помагаме, да не се фалат после по социјалните мрежи дека тие го направиле, а Градот Скопје никаде не го споменуваат, притоа сме одвоиле сериозна сум на средства кои ги обезбедил Градот, а икаде не епсомнат, па уште велат ништо не сме им испорачале.
Сме исорачале многу повеќе од тоа што тие испорачале, ние ќе помогнеме затоа што сакаме да помогнеме ама тие земаат сериозни средства од парите на граѓаните и тие средства треба да ги употребат за да испорачаат што имаат во програма.
Овие работи кои се наведени дел се имплементираме, а дел се започнати, нецелисходно е да имаме толкава листа на проекти кои прво зависат ос волјата на градоначалниците, а второ се туѓи проекти.
Вие доколку ова ви го кажуваат граѓаните, кога шетавте пред избори веројатно им кажавте шт ќе реализирате, сигурно не им кажавте дека ќе реализирате проекти на Кисела Вода или на Ѓорче Петров…
Редиме работи кои сметам дека надминуваат значајно градски буџети, фискални импликации нема, суми од ракав ставени, несериозен е амандманот. Тука се креира преседан што се дозволува во тек на расправа кој како сака да си менува амандмани, каде се видело амандман на амандман? – истакна Арсовска која нагласи дека е потребна конструктивност наместо гол популизам, за да се реализираат проектите за граѓаините.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
Се намалува цената на парното во Скопје
Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…