Арсовска ги подбра советниците: Да работевте досега ќе беше изгласана набавка на нови автобуси за ЈСП!

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на денешната седница уште еднаш повика советниците во Советот на Градот да бидат одговорни и да поддржат набавка на нови автобуси за ЈСП.

-Ова е навлегување во делот на политиката, не работење во интересот на граѓаните, затоа што да работевме тука сите подеднакво ова пред три седници ќе беше изгласана точка. Сите прашања се веќе адресирани, секоја седница додека не се изгласа ова ќе биде точка.

Градот е во добра финансиска кондиција, завршивме со исплата на еден од кредитите земен од претходните градоначалници, за БРТ сме кажале се што прашавте, во пазарна економија не може да навлегиуваме. Како можеме да знаеме кој ќе конкурира, кој ќе се пријави, кој каква цена ќе даде.

Постојано досега се задолжувал градот, не се воделе вакви дискусии.

Сакате ли овој град да има квалитетен јавен превоз? Се знае во секоја нормална држава во светот дека по одреден број изминати километри дека се обновува возниот парк. Се ближи ноември, ќе зборувате како има загаденост, не е подобар јавниот превоз, нема еколошки возила, а сега тука комплицираме, јас ви кажав направете комисија вие изберете се околу задолжувањето.

Во 2019 година имаше исто вакво задолжување, никој ништо не праша тогаш.

Ако сакате на граѓаните да им биде подобро одлучете кој ќе биде во комисијата, одлучете која е најдобрата понуда за задолжување, службите како ќе одлучат така ќе постапиме. Еве, сите 45 имате можност да учествувате, ако сакате да работите за доброто на граѓаните повелете, ваша е одлуката, вели Арсовска.

ЛИНК од преносот во живо

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…

Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…

(Видео) Повторно се запали автобус на ЈСП

Автобус се запали во скопската населба Бутел…

Се намалува цената на парното во Скопје

Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…