Арсовска ги „прегази“ партиските војници на СДСМ – Ралев и министерката Костадиновска добија лекции

t

По долг временски период на бегање од соочување, денес министерката за култура попушти пред притисокот на јавноста па мораше да се соочи со Арсовска, но и со фактите околу неквалитетната изведба на реновирањето на Универзална сала.

Градоначалничката Арсовска упати покана за соочување на аргументите кон министерката за култура, пред два дена, а истата таа покана беше експресно одбиена.

Арсовска исто така бараше од министрката за култура, доколку е сигурна во исправноста на проектот, да ја гарантира безбедноста на објектот лично, и да потпише изјава со која ќе ја превземе одговорноста доколку Универзална се сруши, што исто така беше одбиено.

Арсовска организираше соочување на фактите во врска со проектот за реконструкција на салата. Но министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска не дојде сама, како што беше адресирана поканата, лично до неа, туку донесе и цел вод партиски војници, кои беа спремни да ги жртвуваат своите професионални кариери во одбрана на власта и партијата, но неуспешно.

Јавноста беше сведок на аргументите на градоначалничката Арсовска, кои беа во прилог на заштита на работниците кои работат на реконструкција на салата но и за заштита на безбедноста на граѓаните. Претставниците на Асоцијата на архитекти на Македонија, чиј претседател е член на извршниот одбор на СДСМ немаа противаргументи.

Министерката за култура Бисера Костадиновска пак, се самоназначи за модератор на „дебатата“ па наместо одговори за небезбедноста на Универзална сала, го модерираше настанот – Мојата цел беше во функција на модератор да ги поканам сите релевантни институции и да престанеме да комуницираме преку соопштенија туку вака вербално.

“Јас сум изненадена од реакциите затоа што се надевам дека сала ќе се изгради и ќе добиеме покана за концерт. Не се согласувам дека салата е дозволено да падне во рацете на партиите, јас само кажав дека ја следиме ситуацијата – рече Бисра Костадиновска-Стојчевска која се обиде да се изземе од одговорноста.

Градоначалничката Арсовска уште еднаш укажа дека проектот за реконструкција на Универзалната сала има клучни недостатоци и е опасен по безбеднста на скопјани.

“Да се заблагодарам на министерката што собра храброст да ги соочиме аргументите. Проектот Универзална сала продолжува но не со оваа документација која е небезбедна и не може да ја гарантира безбедноста на граѓаните и работниците овде. На ваков начин шоу не се прави, а Асоцијацијата на архитекти која излезе со памфлет напишан од СДСМ. И целиот извршен одбор на СДСМ да го донесете исто ќе биде, деканот се претставува како независен а е член на ИО на СДСМ. Уште во јули е констатирано дека проектот е небезбеден и не ја отслкиува реалната состојба на терен и не може да се продолжи. Поранешната претседателка на советот Љубица Јанчева вчера на седица на советот на Град Скопје призна дека имало недоследности.

Не сакам никој да ги омаловажува ни архитектите ни вработените во Градот Скопје кои не сакаат со свој потпис да дадат согласност на овој небезбеден проект и истиот да продолжи, а проблемите биле детектирани уште од минатото раководство.

Универзална сала ќе има, ама не со овој проект, ако сметате дека ова може да помине како што е сега гарантирајте лично со своја изјава. – ѝ посочи градоначалничката Арсовска на министерката за култура.

Градоначалничката Арсовска уште еднаш посочи дека:

“Има извештај кој вели дека има нотирани незадоволувачки параметри на армирано бетонската конструкција господине Ралев. ИЗИС го има детектирано ова уште во мај 2018 година. Штетите се настанати во време на градоначалникот Шилегов и покрај овие проблеми е продолжено со реализација на проектот . И ве молам немојте да се профилирате како независен, со тоа што сте член на СДСМ паѓа во вода независноста, го рушите интегритетот на асоцијацијата.. Објектот апсолутно не е безбеден.” – рече Арсовска.

Како што кажа и градоначалничката Арсовска, проектот за Универзална сала ќе биде реализиран, но според нов проект кој ќе биде безбеден за граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Гаши да одговора!

Откако не успеаја да го скријат скандалот…

СДСМ: И во наше време Османи сакаше…

Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…

СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…

„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…

Филипче: МВР да истражи што се случило…

Недозволиво е за една ваква сериозна работа…

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…