Арсовска ги прозва советниците од ВМРО-ДПМНЕ: Ќе поднесете ли кривични пријави за МИЛИОНСКИТЕ КАМАТИ кои треба да ги плати Град Скопје?!

t

Кој ќе одговара за штетата нанесена по угледот на овој Град, за безобразните лаги кои се изнесуваат во јавноста од дел од луѓето кои континуирано сакаат само да наштетат само на овој град и граѓани, а седат во овие клупи како советници, праша градоначалничката на Град Скопје на денешната седница на Советот на Град Скопје.

Во повеќе наврати во јавноста е напоменато дека Градот добро функционира, финансиски е консолидиран, јавните претрпијатија оставени со милионски долгови функционираат, а власта и опозицијата бараат виновник не гледајќи ја сопствената одогворност.

Никого од оваа сала нема да амнестирам, ама поставувам неколку реторички прапашања.

За состојбата во јавните претпријатија, скоро 500 лица имате од оваа коалиција на ВМРО-ДПМНЕ кои биле избрани за претатвници на управни и надзорни одбори, кои ги имаат постојано финансиските состојби и извештаи на јјавните претпријатија. Илјадници евра пари на граѓаните се даваат на овие луѓе, милиони евра се трошат за тие во управни и надзорни одбори да земаат паушали, за вие тука што сте ги избрале и добро ги познавате овие личности да не знаете каква е состојбата во јавните претпријатија. Па вие раководите, гласате, блокирате јавни претпријатија, тие не гласаат неопходни одлуки кои се потребни за консолидација на финансиите за да покажете дека некој е неспоосбен.

Имаше изјави за блокирана сметка на градот, бил банкротиран, тоа е економска неписменост. Нема ли други општини со блокирани сметки, а нашата не е блокирана. Создавате недоверба кај граѓаните во Градот.

Коалицијата која тука функционира ќе ја видиме и денеска на дело во голем дел од одлуките, ама ќе прашам една работа, дали знате кои спорови ги има Градот Скопје до овој момет и зошто?

Комерцијална банка АД Скопје, тужен Град Скопје, 1.179.900 оштетен по основ на камати за над еден милион евра само по овој спор.

Друштво за градежништво ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ, 2019 е покренат спор, вредноста е отприлика 176 милиони денари, или скоро 3 милиони евра! Можете да замислите колкави ќе бидат судските торшоци и по основ на камати?

Скопски саем, вредност 110 милиони денари, скоро 2 милиони евра, исплатени средства 2007 година, одобрение за градба издадено 2008, поништено им е во меѓувреме и станува сопственост на Ист Гејт. Покренато е тужба, истата сега беше доставена во Град Скопје за наплата на побарување и покрај овие основни средства од 2 милиони евра, Градот беше задолжен да плати 480.000 евра по основ на камати.

Да ги прашам тука советниците на ВМРО-ДПМНЕ дали поднесовте кривична пријава за овие камати? Наместо да инвестираме во култура, образование, ние ќе даваме пари за камати. Нели кажавте дека ќе покренете кривична пријава ако Градот плати камати за она што се случуваше со приватните превозници, дали покренавте кривична и ако не кога ќе покренете.

Друштво за транспорт Гренада, 235 милиони денари, од 2020 година е тужбата. Тука ќе бидат милионски сумите за камати.

Електромеханички сервис, надомест на штета 68 милиони денари, над еден милион евра. Тужба покрената во 2020 година, се однесува на галиите.

Има уште случаи, милионски суми се побаруваат и милионски камати треба да се платат.

Градот во изминатите 18 месеци е во добра состојба, финансиски е консолидиран, кредитниот рејтинг ни е задржан и имаме драстично зголемување на можноста за кредитно задолжување од 1,2 милиони евра во ноември 2021 година за сега мешу 25 и 30 милиони можности за кредитно задолжување што е одраз на тоа дека градот е финансиски консолидиран. Ние не можеме штетата правена со децении да ја поправиме.

Тие судски побарувања ќе мора некој да ги плати, ама секој од вас тука има одговорност бидејќи доаѓаат судските процедури од опциите кои вие ги застапувате.

Следен пат кога ќе пласирате сензационални вести дека некој не знае да менаџира, да знаете дека зборувате само за своите кадри, не за некој кој сега менаџира. Знам дека од партиските лидери ви е наредено овде како коалиција да имате заеднички непријател, а тоа сум јас, знам дека не ви одговарам ниту на едните ниту на другите, но јас тука сум да им одговарам на граѓаните.

Очекувам одговор дали имате поднесено кривична пријава за сите овие камати, а ако не, кога ќе ја поднесете? – рече Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…

Во два наврата претходно за време на…

ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците

Првиот амандман, кој имаше за цел да…