Арсовска: Градот Скопје го реши проблемот во најкраток можен рок – Некој заради лични хирови доведе во колапс цел град!
Согласно она кое го дискутиравме вчера вашето барање беше во петок да се закаже седница, ги изготвивме сите потребни документи за да се разреши предизвикот кој се случи денес и побаравме седницата да се свика денеска, рече денеска Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на втората вонредна седница на Советот на Градот Скопје.
– Ова се случува првпат во поновата историја на Македонија, за 5 дена доцнење на плата некој да излезе на штрајк и да се обиде да го попречи рбаотење на дејност од јавен интерес, поради несовесно работење некој денеска не стигна на работа, учулиште…
Јас морам искрено да го изразам своето жалење затоа што по 30 години пљачкосување на оваа држава и по 30 години истите луѓе кои се вртат низ овие политички елити не можат да смогнат сили и да преземат нешто за да се разрешат проблемите од долговите кои тие самите ги имаат генерирано.
Денеска ЈСП е загубар, јас не знам веќе сигурно повеќе од декада има, тоа работи и фнкционира на начинот на којшто функционира, раководството се обидува да изнајде решение и да се генерираат соодветни приходи ама овие од управниот одбор гласани од ВМРО-ДПМНЕ, некако не наоѓаат за сходно да си ја преземат својата одговорност.
Затоа видов дека денеска има некои извесни соопштенија кои сметам дека мораат и на оваа седница да бидат одговорени, да повторам ВМРО-ДПМНЕ има многу чесни вредни и кваитетни луѓе, но за жал оној шпицен градоначалник кој работи од секна и се обидува да манипулира со сите процеси, и сега се обидува да ја префрли одговорноста на некој друг, а не на оние кои што 120 членови по управните и надзорните одбори кои земаат околу 13 милиони денари секој месец пари на граѓаните и ги саботираат јавните претпријатија.
Имате директна одговорност преку овие ваши управни осбори, сте можеле да преземете се што е неопходно да не дојде до сето ова денес, и не е убаво да ја префрлате вината само затоа што од пред еден месец градоначалникот не ви одговора.
Да беше градоналаникот од ВМРО-ДПМНЕ или од СДСМ сега овие проблеми немаше да ги има, затоа што и досега се доцнело по пет дена со плата како сега ма аникогаш не правел никој вакви опструкции да го доведе во колапс целиот град за да исполни нечии лични хирови и да се освети за се она што се случува последниот еден месец.
Затоа оваа иницијатива беше прифатена од наша страна, вчера дискутиравте 4 часа и се криевте позади политички флоскули, ако сакавте решение се нносеше во пет минути.
Еве денска сме ние тука, одлуката и сето она што беше неопходно ги завршивме во најкраток можен рок и еве сме денеска на седница ден порано.
Сега ве замолувам од името на Град Скопје, од името на ЈСП, на оние сите вредни вработени кои таму работат да гласате за да можат да си ги земат заслужените плати кои доцнат пет дена и ве замолувам сите заедно и здружено да се бориме да ги подмириме сите оние долгови кои ги има за да не биде претпријатието на раб на ликвидност, истакна Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
Се намалува цената на парното во Скопје
Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…