Арсовска: Граѓаните на Шуто Оризари треба да знаат кој ги поддржува нивните барања, а кој не! Советниците да престанат да се однесуваат дегутантно

t

Предлогот за дополнување на дневниот ред на денешната седница на Советот на Град Скопје со додавање на точка за воспоставување на меѓуопштинска соработка меѓу Град Скопје и Општина Шуто Оризари, за партерно уредување на спортска сала во Општина Шуто Оризари, предизвика бурна дискусија меѓу советниците.

Координаторката на советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска кажа дека нема да поддржат точка која не е однапред доставена на што градоначалничката Арсовска одговори:

– Од претходните седници ништо се нема променето, верувам дека знаете според Деловникот кој има право да се обрати од оваа говорница.

Жал ми е што мора да се лаже и да се манипулира континуирано, многу добро сите вие знаете дека сме имале соодветна координација кадешто оваа точка ви била претставена, сте биле запознаени, сте ја прочитале сите, сте биле брифирани и во тој момент не сакавте нешто да биде дел од дневниот ред, сега повторно ја предлагаме.

Престанете да се однесувате дегутантно, рече Арсовска.

Градоначалничката додаде дека граѓаните и градоначалникот на Шуто Оризари треба да знаат кој ги поддржува нивните предлог проекти, а кој не.

– Сметам дека се што е во Буџетот треба да се обидеме во рамки на времето кое го имаме да го реализираме.Тоа ни е во буџетот, на минатата координација од вашите советници беше инсистирано да не се става како точка на дневен ред и по барање на соодветниот градоначалник којшто сметам дека заслужува да биде ставена на дневен ред, барем да види кој ја поддржува оваа точка, а кој не, затоа сметам дека треба да се стави. Нема никаква итност, вели Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја тепал сопругата за да му даде…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…

Изгорел склад за градежни материјали во Скопје

Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…