Арсовска децидна: Се казнува неселективно секој кој ја загадува животната средина!
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во денешното гостување во “Жешко политичко лето” на Канал 5 телевизија, истакна дека сите кои ја загадуваат околината се казнуваат неселективно со најстроги можни казни.
– “Јас мислам дека скопјани многу го сакаат својот град. Она што го гледаме во изминатите месеци и години е одраз на себичноста на поединци.
Треба да се зголеми свесноста и не само апелите туку и реакциите за она што се случува. Ние затекнавме луѓе кои континуирано палат диви депонии заради лукративни цели неразмислувајќи ни на своето здравје ни на другите граѓани, затекнувавме луѓе кои истураа ќеси со ѓубре по кејот на Вардар. Тоа треба да престане”, вели Арсовска.
– “Можам да кажам дека има неселективност, секој еден кој е затекнат дека прави нешто што го загрозува животот и здравјето на граѓаните и ја загадува средината, се казнуваат најстрого во рамки на законот сите тие.
Исчистивме над 250 диви депонии досега”, додаде Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
Се намалува цената на парното во Скопје
Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…