Арсовска: Доколку се мереше нечија нecпособност тогаш вие ќе бевте светски шампиони, немате реализирано ниту 5 проценти од програмата за скопјани иако 4 години бевте апсолутна власт
Знам дека ве боли загубата на Скопје. Многу ве боли затоа удирате секој ден со прес конференции и соопштенија. Нема ниту еден друг човек по напаѓан од мене, од страна на вас во овие 50 дена и знам дека ве боли и ќе продолжи да ве боли. Меѓутоа вие вашата лекција не сте си ја научиле. Токму затоа и ве сменија граѓаните со скоро 30.000 гласа разлика во Градот Скоје затоа што се однесувате вака недолично и затоа што сите овие работи кои што ги правите сега во овој момент се само одраз на тоа што во Градот Скопје нема да се повтори веќе никогаш, вели градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска на денешната седница на Советот на Град Скопје на која се дискутира Буџетот за 2022 година.
Арсовска рече дека СДСМ имале апсолутна власт изминатите 4 години како на локално така и централно ниво, но ништо не направиле за скопјани, укажувајќи дека ја презадолжиле градската каса, а реализирале само 5 проценти од програмата која што ја ветиле пред граѓаните.
Не се однесувајте како да сте опозиција. Не сте опозиција, до вчера бевте апсолутна власт во оваа држава. Имавте 4 години апсолутна власт да спроведете сѐ од овие мерки и ништо не направивте. Потрошивте милиони буџетски пари на граѓаните, а ништо не направивте за нив. Овој буџет е одраз на вашите лоши политики и сега ќе ви кажам зошто. За 3 од 10 општини не е овозможено ништо од вас затоа што не сте го планирале тоа, а со повеќегодишни склучени договори за тендери заглавени годишни договори кои што мора да се реализираат, а притоа сте си излегле на пазар без да видите колку средства имате. Сте ги оставиле луѓето без експропријација, сте ги оставиле без решени имотно правни спорови. Значи вие го заглавивте овој буџет со вашето недомаќинско работење и трошење на парите на граѓаните без усул. Тоа е за овие 3 од 10 општини. На општините Чаир, Сарај и Шуто Оризари вие треба да им објасните зошто не сте оставиле ниту еден проект за нив. Во 2021та година само еден проект сте имале за Чаир и тоа фазна реализација од минати години, значи стварно недолично е да се зборува за нешто за кое што немате интегритет да зборувате и не знам дали мислите дека од оваа говорница ќе кажувате напамет научени памфлети кои што ви ги дале од штаб да ги прочитате и дека некој од граѓаните ќе ви верува, истакна таа.
Во однос на обвинувањата дека Скопје е најзагаден град и дека немало зелен покрив, Арсовска праша зошто не бил направен до сега.
Вие кажувате дека раскрсницата во Чаир била најзагадената делница во Скопје, немало зелен покрив, па што не го направивте до сега. Ниту еден проект немате предвидено со документација, ниту сте имале минатата година за Чаир, ниту за Сарај, дури и оние работи кои што сте ги ветиле пред избори за 4 години не сте ги реализирале. Само 5 проценти реализирана програма, тоа значи дека 95 проценти не сте им испорачале на граѓаните, додаде Арсовска.
Арсовски вели дека Буџетот за 2022 година е одлика на лошото владеење на претходната локална власт.
Овој буџет е одлика на вашето лошо владеење и тоа внимавајте апсолутно владеење, имавте централна власт и локална власт, сте ги имале сите механизми во Скопје централната власт да ви помага. Се фалите дека Шилегов затворил депонија во Карпош 4, која е оставена како потенцијална еко катастрофа со азбестни плочи и антени.
Умираат луѓе секојдневно заради ваквите потенцијални еколошки катастрофи, истакна Арсовска.
Арсовска им одговори дека доколку од СДСМ мерат нечија неспособност, тогаш тие ќе бидат светски шампиони по неспособност.
Ако зборуваме за неспособност, прво не знам според што за овие изминати 50 дена мандат вие критикувате, меѓутоа ако имаше мерило вие ќе бевте светски шампиони по неспособност. Треба да знаете дека поради не научената лекција го изгубивте Градот Скопје, а понатаму ќе изгубите се, кажа Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Делови од Скопје вечерва се без струја
Поради испад на трафостаницата „Запад”, жители на…
Исчезна девојка од Скопје, имала здравствени проблеми
На 11.08.2024 во 14:00 часот во Полициската…
Царина ќе ги зајакнува контролите и присуството…
Унапредување на процесите на царинење преку унапредување…
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…