Арсовска: Документацијата за Перински ќе биде доставена во обвинителство – не дозволувам корупција и политички влијанија во Градот Скопје
Во гостување во вестите на Канал 5 телевизија, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска посочи дека секој кој нема да испорача соодветни резултати треба да понесе одговорност и дека нема да дозволи политичко влијание во Градот Скопје.
– Верувам дека сите граѓани знаат дека јас политичар не сум и во интерес ми е да се реализираат проектите кои се ветени во програмата, во интерес на сите граѓани. Доколку резултатите не се на задоволително ниво нормално е дека ќе има реакции и дека ќе има одговорност и ќе се понесе одговорност.. Во конкретниот случај имавме конкретна работа за која имаше индиции дека се случува влијание во постапка на еден милионски тендер односно јавна набавка за кој имавме реакција во јавноста вчера.
Секој има одговорост пред се’ пред граѓаните, таа доверба која ни била дадена не смее да се изневери, јас сум избрана на овие локални избори непосредно од скопјани и нивната доверба не смеам да ја изневерам.
Тоа не значи дека треба некој кој не испорачува резутати, не е транспарентен и не си ги завршува работите кои треба да ги заврши, да биде толериран. За нас како Град Скопје е важно оние лица на кои им имаме дадено таква одговорност да ги водат јавните претпријатија да ги испорачуваат тие резултати што од нив се очекуваат, доколку таа релација не е на задоволително ниво тогаш одговорноста треба да се понесе како што е понесена, вели Арсовска.
Градоначалничката истакна дека одамна нема контакт со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Хриситјан Мицкоски и дека нема да дозволи било какво политичко влијание во Град Скопје.
– Ние немаме контакт одамна, они контакти кои сме ги имале биле во насока да се реализираат оние програмски активности од програмата на Град Скопје. Јас како човек избран од скопјани нема да дозволам никакво политичко влијание во Град Скопје. Тоа сметам дека треба да се превенира да се случува во секое од овие јавни институции каде Градот е основач. Сметам дека сум должна кон сите граѓани, и кон тие што ме гласале и кон тие кои не ме гласале, ветив дека ќе бидам градоначалник на сите скопјани. Во секој слуќај благодарна сум за довербата која ми беше укажана и јас сметам дека јас таа доверба нема да ја изневерам. Доколку некој сметал дека таа доверба треба да биде да одработувам за нечии лични интереси тоа нема да се слуќи. Пред се како човек од прв ден кажав дек ќе бидам протов корупција, против тоа да има било какви политички влијанија и верувам дека на тоа ќе останам достојна до крајот на овој мандат, вели Арсовска.
Градоначалничката Арсовска кажа дека очекува од сите советници да ги поддржат проектите кои значат подобар живот за скопјани.
– Тие проекти се на скопјани и очекувам дека сите советници ќе ги гласаат, досега за сите проекти кои беа доствени видовме случаи и на консензус односно проекти кои беа гласани од сите советнички групи, нивната одговорност е пред граѓаните, рече Арсовска која додава дека нема контакт со СДСМ но очекува и нивна поддршка во Советот на Град Скопје.
– Контакти со СДСМ немам но она кое може да го видам во рамки на советот кое е доставено како наши мерки и политики во интерес на граѓаните било секогаш поддржано од сите политички опции и на таа нивна совест и одговорност ќе повикам и во иднина, рече Арсовска.
За очекувањата од идните директори Арсовска рече:
Пред се како што напоменав требаше да се испорачаат резултати, а тоа се движи многу споро. Ние тие проекти мора да ги движиме затоа што јас имам одговорност пред гараѓаните и доколку било кој го опструира тоа или работи за туѓи интереси тогаш тоа не смее да се дозволи. Затоа треба да се стават луѓе на овие позиции за да ги вршат тие функции кои не се дадени од сега засекогаш, тие се вршители на должност за да докажат и пкажат што знаат и можат. Во текот на целиот мој мандат секој онокј кој нема да испорача резултати и ќе го успорува процесот на реализација на ветеното сметам дека треба да понесе одговорност.
Секој носител на јавна функција сам е одговорен за тоа што треба да го сработи. Кој и да е на било која функција каде што јас ги назначувам како градоначалник сметам дека доколку не го спроведуваат она што треба како што треба ќе си понесат одговорност, вели градоначалничката.
Арсовска истакна дека документите за работењето на Златко Перински се подготвени и ќе бидат доставени до Обвинителството.
– Подготвени се документите и ќе бидат доставени до надлежното јавно обвинителство и понатаму ние не сме суд да цениме. Имам очекувања и сакам да превенирам да се случува нешто што е спротивно на интересот на скопјани. Ова е буџет на граѓаните и нема да дозволам некој да си подигрува особено не во економска и енергетска криза.
Проблемите почнаа да излегуваат на површина уште пред еден месец кога најавив ревизија на работењето на јавните претпријатија и почнаа да излегуваат на виделина. Особено во делот на вработувањата, имајќи предвид дека барам одговорност за секој кој во петпријатието имал вработени кои не оделе на работа а им биле делени плати и тука веќе гледате дека се наѕираат извесни ситуации за кои верувам дека откако ќе бидат извршени пвие ревизи ќе бидат малку покристализирани, вели Арсовска која додаде:
– Сакам да истакнам дека во Градот Скопје во кој влеговме без ниту еден проект освен оние 4 со големи проблемиуспеавме да креираме над дваесетина крупни прокети кои во овој момент се во фаза на реализација и ќе продолжиме со исто темпо за да ги испорачаме верените резултати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
Се намалува цената на парното во Скопје
Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…
Денеска ќе знаеме колку ќе поскапи парното…
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска на…