Арсовска до Мицкоски: Ќе го решаваш хаосот што сам го креираше!

t

„Ја поздравуваме најавата на претседателот на Владата Христијан Мицкоски и го охрабруваме во најбрз можен рок да преземе одговорност за нарушените состојби во главниот град, кои што ги креираше“, вели Град Скопје чиј градоначалник е Данела Арсовска и додава:.

„Како за почеток, апелираме премиерот Мицкоски да ги вразуми советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на град Скопје кои трета година по ред свесно и за политички поени ја кочат работата на јавните претпријатија. Апелираме Мицкоски да ги убеди советниците да гласаат за набавка на нови еколошки автобуси, проект кој заедно со градоначалничката Арсовска го ветуваше на скопјани. Апелираме советниците навремено да ги гласаат програмите за работа на јавните претпријатија со цел да не се кочи нивната ефикасност, апелираме Мицкоски да превземе одговорност и за свесното блокирање на претпријатијата.

Го охрабруваме Мицкоски да се обиде и да ја превземе одговорноста за членовите на управните и надзорните одбори во претпријатијата на градот Скопје каде владејачката ВМРО-ДПМНЕ е застапена со над 90% од членовите во одборите. Токму овие членови на УО и НО три години се изживуваат врз вработените и граѓаните на Скопје. Сите управни одбори без исклучок се со мнозинство членови на ВМРО-ДПМНЕ и се чини имаат единствена задача – влошување на состојбите и блокирање на услугите. Го охрабруваме Мицкоски да ги охрабри овие луѓе да ги одобрат плановите за вработување, плановите за набавки на нови контејнери, машини, дрвја, зеленило, автобуси и резервни делови.

Апелираме да се стави крај на политичкиот терор и сега како одговорна владејачка партија, Мицкоски да превземе одговорност за состојбите во главниот град за кои најзаслужни се советниците и членовите на управните и надзорните одбори на градските јавни претпријатија, велат од Град Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски вчера од Општина Аеродром им даде рок од една недела на институциите што се под надлежност на Град Скопје да си ја вршат работата за која се платени и да работат во интерес на граѓаните во главниот град, или ќе почне да им ги презема ингеренциите, па спомена и можно растурање на „Комунална хигиена“ и формирање такви претпијатија на општинско ниво, иако за чистотата таму не е одговорна Данела Арсовска, а и тие се дават во ѓубре, а пред се Аеродром.

„Секојдневно до нас граѓаните реагираат. Ова прашање ќе го отворам на следната седница и ги повикувам надлежните во „Комунална хигиена“, во градот Скопје да работат за што се платени, за кое што ги плаќаат граѓаните, бидејќи ова што денеска се случува во Скопје личи на се, само не на главен град на држава, која што е дел од НАТО Алијансата и држава кандидат за членство во ЕУ. Мора да си го поставивме прашањето кое што е суштински важно, не што зборуваме, туку што правиме во име на тие вредности“ – изјави Мицкоски.

Доколку нема прогрес, односно промена на лошата состојба во Скопје, премиерот најави дека ова прашање ќе го отвори на следната владина седница.

„ Ако видиме дека во оваа недела дена нема прогрес поврзано со ова прашање, на следната владина седница планирам отворено да зборувам и да одиме чекор понатаму во она што е обврска на народна Влада, а тоа е да дејствува во името на повиците кои што ги добиваме на дневна основа од скопјани“ – рече Мицкоски, практично почнувајќи го процесот за обезвластување на Данела Арсовска и преземање на Скопје, за што имаше навестувања одамна, со споменување некаков импичмент, па и изгласување нов закон за можна промена на градоначалник.

Инаку, поради неправилности при работењето и непочитувањето на договорите за вработување, во текот на вчерашниот ден беа разрешени директорите на јавните претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Дрисла“, Мартин Ангеловски и Александар Кузинаков. Град Скопје преку Фејсбук, пак, најави дека до крајот на оваа недела почнува со спроведување вонредна ревизија во работењето на сите јавни претпријатија. Градските власти соопштија дека резултатите од спроведената ревизија ќе бидат објавени јавно, а доколку бидат констатирани и неправилности при работењето на раководните лица во претпријатијата, за нив ќе бидат известени и соодветните надлежни институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арсовска до Мицкоски: Ќе го решаваш хаосот…

„Ја поздравуваме најавата на претседателот на Владата…

Левица: ДПМНЕ ги измами гласачите – заедно…

Иако во својата предизборна програма, ВМРО-ДПМНЕ ветуваше…

Ахмети повторно си тера лоша политика: ,,Македонците…

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во своето…

СЕКОЈА ЧЕСТ: Ангелов ги испрати „ер тракторите“’…

Директорот на Центарот за управување со кризи…

СДСМ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ пак…

Додека ВМРО-ДПМНЕ секој можен ден ја труе…