СДСМ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ пак заедно

t

Додека ВМРО-ДПМНЕ секој можен ден ја труе јавноста со прес конференции на кои наводно го напаѓа ДУИ, зад грбот на граѓаните прави дилови со истата ДУИ. Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ функционира, повторно се заедно, велат од СДСМ.

„Во Собранието ВМРО-ДПМНЕ реализираше еден од договорите на коалицијата ДПМНЕ-ДУИ со формирање на тело за следење на правична застапеност на заедниците. Истата таа ВМРО-ДПМНЕ која ветуваше укинување на балансерот, со реализација на договорот со ДУИ го издгигна на повиско ниво, на ниво на Собранието. Сега имаме надграден и проширен балансер за чија примена ќе биде надлежно Собранието.Насабајле Мицкоски вели дека ДУИ ќе ја дестабилизира државата а попладне во Собрание неговите пратеници гласаат заеднички одлуки со ДУИ. Да не станаа сочучесници во планот за дестабилизација? Ќе излезе ли Митева сега да ги обвини пратениците на ВМРО-ДПМНЕ? Што друго е договорено меѓу ДПМНЕ и ДУИ?“, посочуваат од партијата и додаваат:

„Едно е јасно, договарањата под маса, манипулациите и лажните јавни конфликти меѓу двете партии се методи кои се видени во минатото и веќе не поминуваат, граѓаните ги препознаваат“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Калајџиев за новиот притвор за Деко: Ако…

По новиот притвор за првообвинетиот за случајот…

„50 пати на улица и во судница,…

Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…

Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…

Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…

Трамп даде по 100 долари на 20…

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека неговата…

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…