Арсовска до Ралев: Со членството во СДСМ ја деградирате целата Асоцијација на архитекти – Универзална сала ќе има но ќе биде безбедна за сите
Членот на извршниот одбор на СДСМ, Мишко Ралев, денес непоканет се појави на соочувањето на аргументите во врска со проектот за реконструкција на Универзалната сала, меѓу градоначалничката Арсовска и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Мишко Ралев, се претставува како независен експерт, Декан на факултет за архитектура и дизајн при Американ Колеџ и претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, истовремено е член на највисокото партиско тело на СДСМ.
Независниот член на извршен одбор на СДСМ пред неколку дена објави отворено писмо од име на Асоцијацијата на архитекти, во кое ја оправдува министерката за култура и посочува дека министри не можат да гарантираат за безбедност на објект. Членот на СДСМ апелира да се прекине со партизација на стручната фела.
Градоначалничката Арсовска нагласи дека се изјавата на Ралев не може да се сфати сериозно и независно поради фактот што тој е член на ИО на СДСМ и со неговите дејствија ја деградира целата Асоцијација на архитекти.
“Прво сакам да нагласам сето ова прочитано претходно можете веднаш и самите да го земете со резерва затоа што е прочитано од член на ИО на СДСМ. Имаа можност да дојдат да седнат на маса и да го кажат ова, има многу квалитетни луѓе кои се професионалци и записникот брoj 16 потпишан од архитекти, од ЕОС Скопје надзор, од Универзал Балкан изведувачите, од Мегарон инжињеринг, луѓе кои го имаат изготвено проектот.
Пред да се донира овој проект на градот за да се отпочне, брзо, брзо пред избори со градба за да се демонстрира дека нешто има, не се направиле соодветни анализи, не се видела состојбата на лице место, не се видело дека ќе требаат дополнителни столбови за да има навистина квалитетна сеизмичка одржаност на овој објект. Јас верувам дека скопјани пред се сакаат да знаат дека овој проект ќе биде за нив безбеден и сигурен, и ќе биде како таков меѓутоа треба да знаат дека измени овој проект мора да претрпи.
Тоа е финалетито. Ова е избрзано решение со цел да се покаже предизбоно дека има некакви активнсти. Штом од отпочнувањето мај месец веќе во јули месец вие имате констатирано сериозни проблеми по основ на тоа кое што го имате на лице место, за разлика од она кое што го имате како проект, би требало да се реагира веднаш.” – рече Арсовска.
Градоначалничката повтори дека Универзална сала ќе има и ќе биде безбедна и за работниците кои ја реконструираат и за идните посетители, но не со завршување на постојниот проект туку со нов и корегиран проект.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…
Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…
СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се…
Со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш…
СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој…
Проектот за реконструкција на патниот правец во…
СДСМ: Расипничка власт, 3 милиони евра за…
Уште една епизода на расипништво, аздисано трошење…
СДСМ му одговори на Мицкоски: Еве зошто…
Соопштение за јавност СДСМ: Мицкоски праша, еве…