Арсовска до Советниците на ДПМНЕ: Сакате да ги уценувате вработените во ЈСП во време на изборна кампања!
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ги праша советниците на ВМРО-ДПМНЕ дали сакаат да ги остават вработените во ЈСП без плати за време на изборен циклус па во кампања да ги уценуваат за да можат да земат плата.
– За да излезете со кренати глави од тука требаше прво да не излезете со наведнати глави кога не гласавте пред малку, да не викаат овие луѓе од синдикатот. Си одржавте убав политички говор, тука конфликт нема, разумните и совесни сакаа да гласаат, несовесните излегоа или беа воздржани.
Никакво оправдание не се ниту искуството ниту годините тука, или правите добро за овие луѓе и граѓаните, или не, а не правите. И ако сакате да кажете дека некој не треба со нив така да се однесува, не требаше така да се однесувате.
Денес скопјани немаа јавен превоз, а тука пред врата мрзнат луѓе. Ова е несмасно однесување за кое знаете дека не е во ред, за вас па особено не сум очекувала затоа што сте дел од коалицијата во Град Скопје, имате директор на Универзална сала.
ЈСП е основано од Град Скопје, како што оечкувате за универзална сала да се гласаат програмите, така треба да гласате и за ЈСП.
Трета седница доаѓаме да гласаме за ова, сега сакате пред избри да ги уценувате луѓето, од вас да зависат дали ќе се смилувате да им гласате субвенции? Не се срамите? Или ви кажаа луѓето што мислат, излеговте со наведнати глави, пресметавте дека губите па си се вративте тука да гласате? – праша градоначалничката Арсовска и објасни согласно Закон каква е процедурата за исплата на платите во јавниот сектор.
– Да ви појаснам нешто што на цела Македонија ѝ е јасно, само на вас не ви е јасно. За луѓе кои работат до 31 декември, платата се исплаќа согласно закон до 15 јануари, затоа што треба да се пресмета плата, минат труд, ноќна работа и слично.
Колку е срамота ова што им го правите на овие луѓе во континуитет немам веќе зборови како да го објаснам. Секој граѓанин знае кога се исплаќа плата, многу ми е жал на кое ниво сте спаднале. За што ние дискутираме додека луѓето чекаат да земат плата? Жално, срамно и мислам дека ниту еден човек во Град Скопје не го заслужува ова што денеска го правите, рече Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците
Првиот амандман, кој имаше за цел да…
(Видео) Повторно се запали автобус на ЈСП
Автобус се запали во скопската населба Бутел…
Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…
Долг на фирма не е кривично дело,…
„И лавот му рече на орелот мјау“:…
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…
(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…
Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…