Арсовска: Започна реконструкцијата на патеки и дел од коловозот под подвозникот на булеварот Кочо Рацин
Град Скопје започна со реконструкција на патеки и дел од коловозот под подвозникот на булеварот Кочо Рацин до улицата Павел Шатев, на барање на граѓаните кои се движат на овој потег од градот, информира градоначалничката Данела Арсовска, која на Фејсбук сподели фотографии од реконструкцијата.
– На терен интензивно работат екипите на ЈП „Улици и патишта“, а градежните активности опфаќаат покрај реконструкција на патеките, замена на оштетените рабници и нов потпорен ѕид.
Со решавање на овој долгодишен проблем во овој дел од градот, дополнително покрај санацијата се зголемува безбедноста и сигурноста на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците и велосипедистите.
На истиот потег Град Скопје и ЈП Паркови и зеленило, на барање на жителите го трансформираат земјениот простор кој со години бил користен како див паркинг во нова паркова површина од 1600 метри квадратни, со дрвја, садници, летниковци и дополнителни содржини, за уживање и рекреација на посетителите. – напиша Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…
Инспекциските служби на Агенција за храна и…
Од март директна авиолинија од Скопје до…
Од март ќе биде воведена директна авиолинија…
БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…
Во завршна фаза се активностите за санација…
Од вечер повеќе од половина од Скопје…
Од 22 часот денеска, повеќе од половина од Скопје…
Штедете и гответе оброци што не бараат…
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во пресрет…