Арсовска: Затекнавме лошо планирани проекти со многу проблеми – Работиме на системски решенија
Има голем број на поекти кои ги затекнавме со многу преизвици, во изминатите 10 месеци се трудиме да најдеме решение за тие проблеми, булеварот кај “АСНОМ”, “Васко Карангелески”, “Есенинова”и слично, истакна во денешното гостување во “Жешко политичко лето” градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
– Таму немало добро планирање, има непланирани односи, неразрешени имотно-правни односи и слично.
Проектот за мостот што ги поврзува Гази Баба и Аеродром има многу предизвици, тој проект го затекнавме со решени 30-тина проблеми од вкупно 275, за околу 5 месеци решивме 150, но добар дел остануваат и на нив работиме во овој момент.
Ние работиме на системски решенија за да не се случува ова што се случува, јас во овој момент решавам туѓи проблеми.
Сега сите проекти кои се планираат се соодветно планирани и нема да има вакви проблеми, истакна Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја тепал сопругата за да му даде…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Изгорел склад за градежни материјали во Скопје
Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…