Арсовска за лажните дојави за бомби: Ова е болно однесување, јавноста нека цени кој би имал интерес
Луѓето можат да прозрат низ целата ситуација бидејќи овие дојави се исклучиво во скопските средни училишта. Немаме во основните училишта. Оставам на јавноста да оцени кој би имал интерес само во овие училишта кои се под Град Скопје. Не во другите градови, туку само тука во средните училишта. Тоа е сериозно. Неодговорно е дека може некој да дојде до дијаболичен план да си игра со децата, нивната сигурност и безбедност. По се’ можете да посегнете, но по децата не можете, изјави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24.
Според гардоначалничката, никој не смее да си дозволи да се посегне по деца за политика и политички поени.
-Зошто не го имало досега? Зошто сега го има? Може да оди на конто на оној пореметен ум. Ова е болно однесување кој што сака некому да штети. По децата не смеете да посегнете, рече Арсовска за лажните дојави за бомби во неколку средни училишта.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски неколку пати во јавноста кажа дека истрагата за дојавите за бомби е при крај и дека резултатите ќе бидат објавени во јавноста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…
Инспекциските служби на Агенција за храна и…
Од март директна авиолинија од Скопје до…
Од март ќе биде воведена директна авиолинија…
БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…
Во завршна фаза се активностите за санација…
Од вечер повеќе од половина од Скопје…
Од 22 часот денеска, повеќе од половина од Скопје…
Штедете и гответе оброци што не бараат…
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во пресрет…