Арсовска за приватните превозници: Го земаа градот како заложник, нема да функционираме со закани и уцени!
ЈСП е оставено како девастирано претпријатие, со уцени и закани нема да фукционираме, истакна грдаоначалничката Данела Арсовска во денешното гостување во Канал 5 телевизија.
– Она кое го направија, градот да го земат за заложник на штета на граѓаните и на штета на сите нас сметаме дека не е правилно. Откако кажавме што се сме детектирале како недостатоци, тогаш отпочна сето ова, за што, за да има зкаани, уцени? На средбата која ја имаа приватните превозници со градот, со секретарот и сите служби имаше доста удирање по маса, по ѕидови, што доколку не им се излезе во пресрет на тоа што го бараат.
Не сметам дека еден, двајца или неколку поединци кои работат во свој интерес да маниппуираат со голема група граѓани кои сакаат чесно да ја обавуваат својата дејност.
Ние со уцени не функционираме, си има јавен повик, секој еден кој е чесен, искрен, момже да работи. Градот Скопје со Макекспрес и Слобода превоз повеќе нема договор, тој договор тие го раскинаа со тоа што престанаа да испорачуваат услуга за скопјани, едните бидејќи не го испорачуваа минимумот од 80%, а другите затоа што престанаа целосно да возат.
Жално е што се користат вакви лаги и манипулации, особено за сметка на оние кои слушнавме дека со месеци не земале ниту денар, ние ги изнесовме тие аргументи. Како доколку ЈСП кое соработувало со тие ентитети, ги исплаќало до моментот додека ние не ги покренавме овие процеси за ревизија немало никаков проблем? Како се плаќало до осми ноември?
Тоа е институционален начин на кој може да се разрешат работите, ама кога гледате дека некој се обидува насилно да разрешува се гледа кој стои позади тоа, од една страна се обидува да манипулира, од друга страна и малку политички мотивирани вцентри кои работат да му наштетат на Градот и на мене лично.
Замена на тезите има тука, се работи за претпријатие оставено во незавидна состојба, има тука нешто многу симптоматично. Некој шпекулираше со бројки, 200, 500 автобуси, вие можете да имате и 100 автобуси кои би можеле да се вклучат во ваква дејност ама фактот е дека огласот во 2021 година на кој овие лица аплицирале бил за околу 80 автобуси.
Минатата година кога бил тој повик биле 87 автобуси, дополнително на што треба да има одредена резерва. Што се случило со ЈСП? Тие се прашањата кои треба да се поставуваат, вели Арсовска.
– Тоа е девастирано претпријатие, во Градот Скопје никој не го поставува прашањето зошто и за чив личен интерес имало над 100 автобуси на ЈСП кои не биле во функција. Што повеќе возат овие останатите, толку повеќе средства се одлеваат од буџетот, истакна Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Повторно се запали автобус на ЈСП
Автобус се запали во скопската населба Бутел…
ОЈО Скопје ја испитува сообраќајката на автобусот…
Врз основа на поднесено писмено известување од…
Возрасен маж колабираше качувајќи се во автобус…
Во населбата Даме Груев утрово во автобус…
Три жени се повредени откако автобус на…
Три жени се повредени денеска во сообраќајната…
ЈСП: Средношколците ќе можат да користат бесплатен…
ЈСП ги информира средношколците кои ги исполнуваат…