Арсовска: Имам закани по мојот и животот на моето дете

t

Во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, вели дека добивала закани по својот живот: „Знаете како, јас сметам дека доволно закани имав во изминатиот период. Ниту се плашам, ниту придавам значење.“ – Истакна таа.

„Имав закани по животот мој, по животот на моето дете. Беа напаѓани сите членови на моето семејство, од прв до последен. Таквите типови на напади нема да предизивикаат ништо друго, освен јасно изразена воља да се излезе на крај со сите оние злоупотреби кои што се во градот. На тоа се должат до овој момент. Затоа што се плашат од одговорноста која следи.“ – Додаде Арсовска.

„Јас кажав како ќе работам уште од првиот ден на овој градоначалнички мандат. Јас злоупотреби немам намера да правам, а оној кој што ги правел, тој има потреба да се грижи. Со закани и со напади нема ништо да постигнат.“ – Истакна градоначалничката

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Во живо) „Цела Влада оставка!“ – Младите…

Со 20-минутен молк продолжува протестниот марш, граѓаните,…

Кој се плаши да види колку народ…

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…

Марш за одговорност и безбедност во Понеделник…

Инстаграм профилот „Кој е следен“ повика на…

Седум локации – МВР забрани да се…

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…

Авион на грчкото воено воздухопловство вечерва од…

Со авион Ц-27 на грчкото воено воздухопловство…