Арсовска категорична: Сите ветувања ќе бидат исполнети – Набавка на автобуси ќе има!
Интересот на граѓаните треба да биде пред сè и сè тоа што е ветено во програмата за модерно Скопје ќе биде реализирано, набавка на автобуси за јавен превоз ќе има, изјави денеска градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска одговарајќи на новинарско прашање, по пуштањето во употреба на новиот стерилизатор во ЈП Дрисла.
Затоа што се сака да се вади од контекст морам да кажам. Буџет за набавка на автобуси за јавен превоз самите знаете во каква состојба е оставен буџетот и во редовниот буџет нема. Но, набавка ќе има, рече Арсовска.
Таа обвини дека некој пласира манипулации во јавноста со цел да деградира нечии политики.
Да биле кадарни тие кои сега зборуваат немало само пет проценти да реализираат од својата програма и притоа да бидат казнети граѓаните за тоа што не исполниле тоа што им ветиле, нагласи Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Автобусите денеска ќе сообраќаат по неделен возен…
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека денеска…
Автобусите на ЈСП на 6,7 и 8…
Автобусите на ЈСП на 6,7 и 8…
Верижен судир помеѓу два автобуса и камион…
Најмалку две лица загинаа, а осум се…
Трајановски: Политички незрело е советниците да не…
Во мое лично име јас ќе кажам…
(Видео) Партии кои 30 години ја задолжуваат…
Советникот од редовите на Левица, Амар Мециновиќ,…