Арсовска: Лага е дека Обвинителството влегло во Град Скопје – Институциите постапуваат само во “Водовод и канализација”

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска на одговор на новинарско прашање дали Обвинителството влегло и во Град Скопје, истакна дека единственото место каде институциите постапуваат моментално е ЈП “Водовод и канализација”.

Според Арсовска ова е уште една манипулација на како што вели таа, одредени политички центри.

– Ја видов таа манипулација можам да кажам, тоа е од некои политички центри кои сакаат да си играат со мнението на граѓаните и јавноста.

Единственото место каде моментално постапуваат институциите, јавното обвинителство, МВР, е ЈП “Водовод и канализација”.

Арсовска нагласи дека институциите имаат силна поддршка од Градот за оебзебдување на сите информации и документи кои им се потребни.

– Она кое што можам да го кажам е дека од Град Скопје тие ќе имаат силна поддршка да ги добијат сите потребни информации и докумнети, меѓутоа само таму посапуваат моментално.

– Јас мислам дека посилна претставка доколку има од она што го кажав во јавноста… Верувам дека не треба да се мешаме во нивната работа, тие независно да си постапуваат, рече Арсовска на одговор на прашањето зошто не поднела претставка за поранешниот директор на Водовод.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…

Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…

Се намалува цената на парното во Скопје

Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…